Од 9 до 11 април 2016 година на Матка се одржа 48 ИКАС и Европскиот куп во спуст, на кој Државниот архив на Република Македонија се приклучи да ги поддржи организаторите и учесниците. Свеченото отворање беше на 9 април во Музејот на Македонската борба, на кое воедно се доделија награди за спортски достигнувања. На 10 и 11 април на Матка, преку 150 кајакари од 14 држави имаа можност да се натпреваруваат. Државниот архив се вклучи во настанот со изработка на ранчиња за најмалите кои покрај логото на Архивот го содржеше и логото Матко, додека наградените за спортски достигнувања добија примерок од патриотскиот календар, монографијата „Државен архив на Република Македонија (1951-2016)“ и по еден документ од специјалната едиција – верно на оригиналот.
Честит 28 ноември, денот на албанското знаме
Сите Албанци насекаде во светот го одбележуваат денот на прогласувањето на независноста на Албанија и