logoZdravstvo2019

„ДОКУМЕНТИ ЗА РАЗВОЈОТ НА ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА (1944-1955)“ – НОВА КНИГА ВО ИЗДАНИЕ НА ДРЖАВНИОТ АРХИВ

Излезе од печат книгата „Документи за развојот на здравството во Македонија (1944-1955)“ во избор, вовед, предговор и редакција на д-р Габриела Топузовска и д-р Лидија Ѓурковска, со користење на архивска документација на Државниот архив. Здравствените политики на македонските власти по ослободувањето се тема на ова издание, кое го опфаќа периодот по завршувањето на војната и формирањето на македонската држава во рамките на Југославија, кога новата народна власт била соочена со сериозни здравствени проблеми кај населението.

Помошта од Светската здравствена организација била од особено значење за здравствениот систем во повоена Македонија и се состоела од опремување на здравствените установи, за сузбивање на заразните болести првенствено за ерадикација на маларијата и за оспособување на здравствените кадри. Многу важна била помошта од нашите иселеници во САД, Канада и Австралија, која била наменета за опремување на Клиничката болница и новоформираниот Медицински факултет. Свој придонес дало и локалното население во вид на доброволна работа, како и скромен паричен придонес од поединци и установи. Помош пристигнала и од другите југословенски републики, кои пратиле свои лекари, фармацевти и друг средномедицински кадар.

Најнови објави