profilnologoWEB

Отворена изложбата „Филмовите што ги сакавме (1947 – 1980)“, изработена од Историскиот архив на Пожаревац, збогатена со изложбената поставка со наслов „Македонската кинематографија (1947 – 1991)“, подготвена од Државниот архив на Република Северна Македонија и Кинотеката на Република Северна Македонија

На 3 јуни (понеделник) 2019 година, во Кинотеката на Република Северна Македонија беше отворена изложбата „Филмовите што ги сакавме (1947 – 1980)“ збогатена со изложбената поставка со наслов „Македонската кинематографија (1947 – 1991)“.

Во своето обраќање пред присутните, директорот на Државниот архив на Република Северна Македонија, г. Кирил Петров, истакна дека меморијата за заедничкото богато културно минато бил само еден од предизвиците за поставувањето на изложбата во нашата држава. Државниот архив на Република Северна Македонија, според директорот Кирил Петров, и овој пат се потврдил како чувар на архивското национално богатство и воопшто најверодостоен прикажувач на македонската историја, традиција и култура. Во надополнување на изложбата „Филмовите што ги сакавме (1947 – 1980)“ беа искористени архивски фондови од Државниот архив на Република Северна Македонија, како што се: „Комисија за кинематографија при Влада на НРМ“, „Здружение на самостојните филмски автори и соработници на Македонија – Филмско студио – Скопје 1968/1975“, фондот „Градски кина“, фондот „Републички секретаријат за култура во СР Македонија“, фондот „ЦК на Сојузот на комунистите на Македонија“ и многу други.

Директорот Кирил Петров изрази благодарност до Кинотека на Република Северна Македонија за прифатениот повик за соработка, до сите соработници што биле вклучени во подготовката на изложбата и организирањето на промотивниот настан како и до директорката на Историскиот архив на Пожаревац, д-р Јасмина Николиќ, која е еден од авторите на изложбата. На настанот присуствуваше и се обрати амбасадорот на Република Србија, Н. Е. г-ѓа Душанка Дивјак-Томиќ.

Истиот ден во просториите на Државниот архив на Република Северна Македонија, двајцата директори го потпишаа Меморандумот за соработка, кој предвидува спроведување заеднички интереси за унапредување на соработката во областа на архивската наука и професија, научноистражувачка работа, воспоставување и унапредување на соработката меѓу страните потписнички, стручните организации и архивистите.

Најнови објави

Учество на состанок на Редакцискиот одбор на списанието на Историскиот архив на Пожаревац и работен состанок со потпретседателката на Меѓународниот центар за архивско истражување (ICARUS)

На покана на д-р Јасмина Николиќ, директор на Историскиот архив на Пожаревац и уредник на

Дознај повеќе...

ОБЈАВЕНА Е ВТОРАТА КНИГА ОД ВТОРИОТ ТОМ ОД „ОСМАНЛИСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА – ПОПИСИ ОД ХIX ВЕК (1832-1833) СКОПСКИ САНЏАК, СКОПСКА КАЗА“ ОД АВТОРОТ  Д-Р АДНАН ШЕРИФ

Објавена е петтата книга, всушност втора книга од вториот том од серијата ,,Османлиски документи за

Дознај повеќе...