Во Владата на РСМ денеска се одржа работен состанок на министерката без ресор, Зорица Апостолска со директорот на Државниот архив д-р Емил Крстески. На средбата се разговараше за надминување на досегашните проблеми во врска со постоечката зграда во која е сместен Државниот архив. Во таа насока заеднички уште еднаш e потврдено дека има потреба од нов објект кој ќе ги задоволува европските и светски стандарди за потребите на еден архив. Со тоа, министерката Апостолска и директорот Крстески ја потврдија веќе донесената одлука на Владата на РСМ за решавање на ова повеќегодишно спорно прашање.
ОДЛУКИ ЗА ИЗБОР НА КАНДИДАТИ ПО ИНТЕРЕН ОГЛАС БР. 02/2022 ОД 06.06.2022 ГОД. ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ
Одлука бр. 02-1999/1 од 20.06.2022 год. Одлука бр. 02-2000/1 од 20.06.2022 год.