Државниот архив својата издавачка дејност ја збогати со нови 9 наслови:
- „Османлиски документи за историјата на Македонија, попис 19 век-Скопски Санџак, Каза Скопје“, 1832/33, книга 1, дел 1 од авторите: д-р Аднан Шериф, проф. д-р Музафер Бислими и м-р Ирфете Ибраими (на македонски и на албански јазик),
- „Попис на занаетчии од Балканот во Истанбул (1902-1903)“ од авторот: проф. д-р Драги Ѓоргиев;
- -„Хроники на селата на Ениџевардарско, Воденско, Кукушко, Драмско, Леринско и Костурско – хроники на селата во Ениџевардарско, Воденско, Кукушко и Драмско, том 3, книга 1“ и „Хроники на селата во Леринско и Костурско“, том 3, книга 2“ од авторите:проф. д-р Љубица Јанчева, проф. д-р Катерина Мирчевска и проф. д-р Димитар Љоровски;
- „Романски дипломатски документи за Македонија (1901-1903)“, од авторот Благој Зашов;
- „65 години Архив во Прилеп“, редакција: Елена Чагороска;
- „Балкански иконографии“, од авторот: д-р Нано Ружин;
- Зборникот„Петар Манџуков 1878-1966“, редакција: проф д-р Македонка Митрова;
Публикациите со својата содржина се атрактивни и интересни за пошироката јавност. Истите можат да се набават во просториите на Државниот архив како и во книжарницата Literatura.mk во Скопје City Mall.