Popis na zanaetchii logo

ДРЖАВНИОТ АРХИВ ОБЈАВИ НОВО ИЗДАНИЕ „ПОПИС НА ЗАНАЕТЧИИ ОД БАЛКАНОТ ВО ИСТАНБУЛ (1902-1903)“ ЧИЈ АВТОР Е ПРОФ. Д-Р ДРАГИ ЃОРГИЕВ

Издавачката дејност на Државниот архив, својата библиотека ја збогати со нов наслов „Попис на занаетчии од Балканот во Истанбул (1902-1903)“ чиј автор е проф. д-р Драги Ѓоргиев, кои веруваме дека ќе ја задоволи нескротливата жед на вљубениците во историјата и воопшто пошироката јавност чиј интерес е токму ориенталниот, османлиски период. Станува збор за дело кое умешно и темелно ја обработува економската миграција на машкото работоспособно население од османлиските балкански територии кои брои близу 4000 лица, согласно османлискиот попис направен во 1902/3 година.

Идејата на оваа книга е да се види колкав бил размерот на економската миграциија од Балканскиот Полуостров кон Истанбул во последната деценија од османлиската доминација и какво значење имал овој центар за егзистенцијата на голем број луѓе од еден многу широк регион. Детално се разработени причините за оваа економска мобилност предизвикана пред се од економски и политички причини, а особено се интензивирала по промените кои ги наложели т.н Танзиматски реформи во 1839 година, со кои сите поданици станале формално рамноправни.

Ова богато, интересно и несомнено значајно дело нѐ носи на една егзотична печалба во османлискиот период покажувајќи ни дека економската миграција векови наназад била актуелна.

Најнови објави