Ова е најновата изјава подготвена од страна на Меѓународниот архивски совет и International Conference of Information Commissioners, поддржана од ARMA International, CODATA, Digital Preservation Coalition, Research Data Alliance, UNESCO Memory of the World и World Data System.
Изјавата се темели на три принципи: Одлуките мора да бидат документирани, документите и податоците треба да бидат заштитени и зачувани во сите сектори, а безбедноста, заштитата и пристапот до дигиталната содржина треба да бидат олеснети за време на прекинот на нормалното функционирање на општеството.
Се надеваме дека сите заедници поврзани со архивските материјали, документите и податоците ќе ја поддржат Изјавата и ќе ни се придружат во потенцирањето на значењето на должноста за документирање, сега и во иднина.
COVID-19: Должноста за документирање не престанува во кризна состојба, туку станува уште позначајна
Ние, потписниците на оваа Изјава, ги повикуваме владите, трговските друштва и истражувачките институции од целиот свет да ги документираат нивните одлуки и трансакции, како сега така и во иднина.
Создадена врз коминикето на УНЕСКО ‘Претворање на заканата од COVID-19 во можност за поголема поддршка за документарното наследство’ и зајакнувајќи го повикот со којшто носителите на одлуки во јавните и приватните сектори го признаваат значењето на работењето со документи и архивски материјали,
Изјавата има три насоки на дејствување:
- Одлуките мора да бидат документирани
Управувањето со звучните документи е поважно од кога и да е, бидејќи владите преземаат единствени чекори за да се справат со пандемијата со COVID-19.
Во потрагата по обезбедување на социјална, економска и културна благосостојба за нивното население и оддржување на владеењето на правото, важни одлуки се носат од страна на владите, коишто вклучуваат значајни интервенции на пазарите, здравствената заштита и секојдневите животи на милијарди луѓе.
Пандемијата ги покажува бенефитите од пристапот до податоците со големи и мали размери во информирањето на носителите на одлуките, но ова не ја намалува потребата од контекстуални записи (на пример: хартиени документи, податоци, алгоритми, кодови, аудиовизуелни), ниту ги ослободува владите од документирање на нивните процеси за анализирање на податоците или снимање на критичните информации.
Од суштинско значење е основите на тие одлуки, самите одлуки и инволвираните високи носители на одлуки да бидат темелно документирани, за да можат владите да останат одговорни, како за време на кризата, така и после неа, а идните генерации да може да учат од нашите активности.
Во овие тековни околности, записите може да бидат во ризик, бидејќи многу бргу се прифаќаат нови начини на работење, без вообичаените процеси и инфраструктура.
Итно треба да бидат преземени чекори во врска со водењето на евиденција со ефемерални (краткотрајни/непостојани) технологии, кои мора бргу да бидат пренесени.
- Документите и податоците треба да бидат заштитени и зачувани во сите сектори
Должноста за документирање не е само на владите, туку и на трговските, истражувачките и образовните институции.
Влијанието на пандемијата ќе биде далекусежно и сите организации треба да бидат свесни за важноста од соодветното работење со податоците и документите. Трговските ентитети, за да продолжат со активностите, за да ги докажат правата и овластувањата, но и за да аплицираат за владини субвенции, ќе имаат потреба од основните документи.
Истражувачките и образовните институции, особено тие инволвирани во трасирањето на болеста, мапирањето и анализирањето на патогениот геном за развој на вакцини, мора да се осигураат дека нивните документи и податоци се навремено и правилно одржувани.
Постоењето на соодветни практики за документирање, ќе овозможи не само континуитет на работата, истражување и иновации, туку и евиденција за идните генерации за тоа како оваа криза била менаџирана. Архивите се чувари на документите за пандемијата со грип во 1918 година, кои се проучуваат од научниците во целиот свет и овие институции на крајот ќе бидат надзорници на документите поврзани со пандемијата на COVID-19.
Економското и социјалното влијание на моменталната пандемија треба да биде евидентирано, не само за да се заштитиме и/или предвидиме слични настани, туку и за да ги разбереме ефектите што овој настан ќе ги има на сегашните и идните генерации.
- Безбедноста, заштитата и пристапот до дигиталната содржина треба да биде олеснета за време на прекинот на нормалното функционирање на општеството
Можноста за проучување на пандемијата од COVID-19, со цел да се спречат други такви настани, наметнува постоење на служби за работење со записи и архивски материјали, во спротивно записите и податоците нема да бидат собирани и снимани на начини што ќе овозможат нивна заштита и достапност, сега или во иднина. Документите и архивските материјали се повеќе од хартиени документи обележани како „официјални документи“ – документи и чуварите на документите се справуваат со зголемени комплексни дигитални материјали, како што се алгоритми и необработени податоци.
Бидејќи економското влијание од COVID-19 се чувствува низ целиот свет, исто така, ќе биде тешко да се обезбедат, снимаат и заштитат документите од пропаднатите/непостоечките компании и/или од приватните ентитети. На овој начин, социјалното, културното, па дури и економското значење на претходните потфати може да продолжи да постои.
Како што е неопходно да постојат глобални договори за стандардите, спецификациите и дефинициите за известување (како што е во „Договорот од Сендај“), така е потребно архивите да бидат признати и снабдувани како чувари на необработени податоци како основа за сложените податоци или пријавените информации. Должноста да се документираат овие информации не престанува за време на криза, туку станува посуштинска од кога и да е.