mediumilogo

МЕДИУМИТЕ ИНФОРМИРАА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА АРХИВИТЕ

Државниот архив на Република Северна Македонија во своите приоритети го има информирањето на јавноста и градење на соработка со медиумите за што поголема транспарентност на проектите и активностите кои ги реализира. По повод 9-ти јуни, Меѓународниот ден на архивите, дел од медиумите го пренесоа соопштението на Државниот архив за одбележувањето на овој ден кога се организираа повеќе семинари и работилници на интернет на кои учество зедоа вработени од институцијата.

Во однос на овој значаен ден за архивите и архивистите, директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески посочи дека прераснува во Меѓународна архивска недела кога се организираат повеќе настани поврзани со работата и значењето на aрхивите, како нераскинлив дел од историјата и идентитетот на секоја земја и народ.

Најнови објави