203025469_512034073398036_2921367527141436373_n

Заменик-директорот на Државниот архив, проф. д-р Музафер Бислими, на официјална средба со колегите од Академијата за албанолошки студии на Република Албанија

Директорот на Академијата за албанолошки студии од Тирана, академик Маренглен Верли, и академик Беќир Мета, директор на Институтот за историја на Тирана, на 22 јуни престојуваа во еднодневна посета на Државниот архив на Република Северна Македонија.

По потпишувањето меморандум со цел проширување на соработката на полето на заедничко истражување, но и реализација на проекти од заеднички интерес меѓу институциите, во март годинава, беше потпишан меморандум за соработка помеѓу горенаведените институции, по што следуваше посета на првиот официјален претставник,  на академик Маренглен Верли, кој е на чело на Академијата за албанолошки студии во Тирана, но и на директорот на Институтот за историја во Тирана, академик Беќир Мета.

За време на состанокот одржан на 22 јуни, во Државниот архив на Северна Македонија, лидерите на горенаведените институции се согласија да подготват проекти од заеднички интерес во иднина, но и заедно да аплицираат во организации кои обезбедуваат финансиска поддршка за реализација на проекти. Исто така, во меморандумот потпишан меѓу институциите, предвидено е одржување на заеднички научни конференции, семинари и разни работилници, но и објавување написи кои се од заеднички интерес на двете земји.

203025469 512034073398036 2921367527141436373 n

По потпишувањето на овој договор, институциите добија пристап и употреба за заеднички интереси на архивите на двете земји, но исто така и пристап до библиотеки, размена на публикации и книги, што се публикации на страните за кои е договорено за идна соработка. Со потпишувањето на овој меморандум за соработка, двете институции прават чекор напред кон испреплетување на заедничките интереси од областа на историјата, но и студиската работа на Академијата за албанолошки студии од Тирана.

Заменик-директорот на Државниот архив на Северна Македонија, проф. д-р Музафер Бислими, рече дека потпишувањето на овој меморандум за соработка ќе биде од интерес за двете страни, но и чекор кон идна соработка во горенаведените области, секогаш имајќи го предвид заедничкиот интерес за вистински научни студии од страна на институциите за кои станува збор, но и спроведувањето заеднички проекти во интерес на јавното мислење, рече проф. д-р Музафер Бислими, заменик-директор на Државниот архив на Република Северна Македонија. Потпишувањето на овој меморандум го поздравија гостите од Албанија, кои им се заблагодарија на г. Бислими за приемот, но и за подготвеноста за идна соработка на овие институции.

Најнови објави