Во просториите на Државниот архив, директорот д-р Емил Крстески оствари средба со директорот на Агенцијата за иселеништво, г-дин Слободан Близнаковски. Притоа се разменети информации за работата на двете институции и е разгледана можноста за координирани активности во врска со преземање на архивски материјал од активностите на иселениците, со цел негово трајно чување во Државниот архив и негова достапност согласно со условите на оние кои го предале и Законот за архивски материјал.
Двајцата директори се договорија да упатат заеднички повик до иселениците за предавање на архивскиот материјал од активностите на нивните здруженија, црковни општини и сл., кои може да биде доставен во оригинал или дигитална верзија.
Средбата е реализирана на 2 јули 2021 година.