Во Државниот архив денеска беше предаден оригиналот на Охридскиот договор од страна на вицепремиерот Артан Груби, кој на средбата со директорот, д-р Емил Крстески потпишаа записник за примопредавањето и дадоа изјави за медиумите. Охридскиот договор, потпишан пред 20 години од Борис Трајковски, Љубчо Георгиевски, Арбен Џафери, Бранко Црвенковски, Имер Имери, Франсоа Леотар и Џемс Пердју, содржи 16 страници и е еден од позначајните документи од нашата понова историја. Од денеска тој ќе се чува на вистинско место – во депото на Државниот архив, ќе се дигитализира и ќе биде достапен за јавноста.На средбата присуствуваше и заменикот директор д-р Музафер Бислими.
Државниот архив на Саемот на книгата (8-14 мај 2025 г.)
Денес во 12:00 часот во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, беше отворен 37. Меѓународен саем