Денес започна со работа штандот на Државниот архив на Меѓународниот саем на книгата, кој се одржува на отворениот простор кај СЦ „Борис Трајковски – А1 Арена“, од 8 до 14 септември 2021 година. На штандот претставени се околу педесет наслови, меѓу кои изданија за познати историски личности, повеќе едиции на зборници од архивски документи за македонската национална историја кои се плод на истражувачката работа во архивите во странство, повеќе монографии што исцрпно обработуваат одредени настани и прашања од историјата, како и оригинални трудови од истакнати историски личности.
Сите изданија на архивот за време на саемот ќе се продаваат со цени намалени за 30 насто на саемскиот штанд, во просториите на Државниот архив – централен дел, како и во подрачните одделенија во Скопје, Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Штип и Куманово.
За време на Саемот во целост ќе се почитуваат и применуваат сите мерки и препораки за начинот и условите на одржување јавни настани во согласност со препораките на надлежните.
Ве очекуваме на нашиот саемски штанд!