FB_IMG_1633461547155-2

СУКЦЕСИЈАТА НА ДОКУМЕНТИТЕ ОД ВРЕМЕТО НА СФРЈ Е ЗНАЧАЕН ПРОЦЕС

Директорот на Државниот архив и официјален претставник на нашата Влада во процесот на сукцесија на архивските документи од поранешна Југославија, д-р Емил Крстески, во Белград имаше средби и разговори со министерот за надворешни работи на Србија, д-р Никола Селаковиќ и со директорот на Архивот на Југославија, д-р Милан Терзиќ. Главна тема беше забрзувањето на процесот на дигитализација на документите што се однесуваат на Македонија од периодот по Втората светска војна до 1992 година и нивно преземање од депоата во Белград. Заеднички беше констатирано дека тоа е значаен процес кој треба поинтензивно да продолжи, што е во интерес на двете пријателски земји и на сите други држави што произлегоа од поранешна СФРЈ. Во таа насока, на средбите беше оценето дека е потребна и соодветна поддршка од Европската унија.

FB IMG 1633461532736
FB IMG 1633461542725 1

Најнови објави