800px-Liberators_Skopje_NOB

80 ГОДИНИ ОД НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ

,,Државниот архив, по повод 80-годишнината од народното востание, достојно ги промовира придобивките од Народноослободителната борба во Македонија со пригодни објави, изложби и предавања во повеќето од нашите одделенија во земјава” – изјави за ДенесМагазин директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески.         

Денот на народното востание во Македонија – 11 Октомври, всушност, го симболизира државотворниот капацитет на македонскиот народ за суверена и самостојна држава, како континуитет на сите претходни востанија и стремежи за социјална и национална слобода, вели, меѓу другото, д-р Емил Крстески.

Антифашизмот беше прифатен како движечка сила, која на нашите борци им обезбеди вистински сојузници и пријатели. Народноослободителната борба, во која имавме многу жртви, ни овозможи да бидеме во коалиција со европските победнички сили и земји, поборници за слобода, мир и демократија.Партизаните од Првиот прилепски и кумановски одред беа првите борци кои го покажаа патот кон слободата и кон прогресивните општествени идеи и кои во Прилеп и Куманово ги испукаа првите куршуми, означувајќи го решителниот почеток на антифашистичката револуција.

New Book1676
New Book1677

Проглас на ПК КПЈ за Македонија во кој го повикува македонскиот народ во борба против фашистичката тиранија

Државниот архив, како трезор на историското-документарно богатство, ја чува националната меморија за Народноослободителната борба, сместена во архивските фондови што се однесуваат на историјата на современата македонска држава.,,Државниот архив го одбележува овој значаен јубилеј – 80 години од почетокот на револуционерното востание на 11 октомври 1941 година, со потсетување на нашето славно минато и на заложбите за промоција на вистинските универзални вредности за слобода, мир и почитување на човековите права. Истовремено, создаваме искрен, отворен и едукативен однос спрема младите поколенија за нивната приврзаност спрема историјата и татковината, а на научниците им овозможуваме да го истражуваат и да публикуваат дела за овој светол период од нашата историја. Така очекувам да биде и во иднина, со што би ги зачувале вредностите и придобивките од НОБ и би се навраќале на херојството на нашите предци, како поттик да продолжиме со реализирање на нивните благородни идеали и стремежи” – додава директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески.



Нека ни е честит и вековит големиот празник 11 Октомври!

Најнови објави