244411106_586623602693898_8596672875335693884_n

ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА СОРАБОТКАТА СО ТУРЦИЈА

На средбата на директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески со амбасадорот на Република Турција во нашата земја, Хасан Мехмет Секизќок, беше заеднички констатирано дека односите и соработката меѓу Државните архиви на двете земји се одвива на високо професионално ниво. ,,Од Турција добиваме значајна поддршка за функционирањето на нашето Одделение за отоманскиот период, како и за престој на наши истражувачи во Истанбул, зашто голем број историски документи поврзани со Македонија се наоѓаат токму во турските архиви, а кои се однесуваат на периодот кога Македонија била покраина и дел од таа Империја” – изјави по средбата директорот, д-р Емил Крстески, истакнувајќи дека со турскиот амбасадор е иницирано таа соработка и натаму да продолжи со засилен интензитет.

244579545 586623616027230 4915213977788790746 n
244660360 586623686027223 7495292108695852083 n
244762473 586623699360555 951523770379737964 n

Најнови објави

Движете нагоре