SLIKA2

Европски проекти за културното наследство

Генералното собрание на Меѓународниот центар за архивско истражување – ИКАРУС (International centre for archival research – ICARUS), на 18 октомври 2021 година ја одржа својата втора редовна годишна средба за 2021 година. Oваа средба на Генералното собрание на ИКАРУС се одржа online на платформата Zoom, а во исто време се одржа и 27. Конвенција на оваа меѓународна асоцијација (18 и 19 октомври).

Државниот архив на Генералното собрание и на 27. Конвенција на ИКАРУС беше претставуван од директорот, д-р Емил Крстески и Светлана Успрцова, раководител на Секторот за истражување, меѓународна и домашна соработка и публикување на архивски материјал.

Главна тема на Генералното собрание и на 27. Конвенција на ИКАРУС беше агендата на активности на ИКАРУС, наречена „Агенда 2023“, а се дискутираше и за програмите и проектите на ниво на Европа, кои ги финансираат активностите поврзани со културното наследство, а беа презентирани и проектите на оваа организација, односно проектите во кои ИКАРУС е активен учесник или поддржувач (проекти: NAMPI, Time Machine и Digital Treasures).

На Генералното собрание беа претставени и најновите членови на оваа организација, која во моментот има 188 членови.

slika 1
SLIKA2
SLIKA 3

Најнови објави

Учество на состанок на Редакцискиот одбор на списанието на Историскиот архив на Пожаревац и работен состанок со потпретседателката на Меѓународниот центар за архивско истражување (ICARUS)

На покана на д-р Јасмина Николиќ, директор на Историскиот архив на Пожаревац и уредник на

Дознај повеќе...

ОБЈАВЕНА Е ВТОРАТА КНИГА ОД ВТОРИОТ ТОМ ОД „ОСМАНЛИСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА – ПОПИСИ ОД ХIX ВЕК (1832-1833) СКОПСКИ САНЏАК, СКОПСКА КАЗА“ ОД АВТОРОТ  Д-Р АДНАН ШЕРИФ

Објавена е петтата книга, всушност втора книга од вториот том од серијата ,,Османлиски документи за

Дознај повеќе...