Директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески, на 20 октомври 2021 година го посети Генералниот директорат на архивите на Република Италија, при Министерството за култура на Република Италија и имаше работна средба со директорката, д-р Ана Мариа Буѕи.
За време на средбата двајцата директори потпишаа Договор за соработка помеѓу Државниот архив на Република Северна Македонија и Генералниот директорат на архивите на Република Италија.
Овој Договор е планиран во Програмата за работа на Државниот архив во 2021 година.
Првиот Договор за соработка со Архивите во Италија е потпишан во 1997 година, а вториот во 2000 година.
Директорите на двата архива, пред официјалното потпишување на Договорот за соработка, разменија мислења и за функционирањето на двете институции и за нивната билатерална и мултилатерална соработка.
Во согласност со новиот Договор за соработка, Државниот архив на Република Северна Македонија и Генералниот директорат на архивите на Република Италија ќе работат на развивање и унапредување на соработката во областа на архивите, при што соработката ќе биде развивана врз основа на еднаквост и заемен интерес, но и врз основа на финансиските можности и во согласност со националното законодавство, како и меѓудржавните договори.
При потпишувањето на новиот Договор за соработка, д-р Емил Крстески и д-р Ана Мариа Буѕи, истакнаа дека во иднина соработката меѓу архивите од двете држави ќе биде збогатувана со нови заеднички проекти.
На потпишувањето на Договорот за соработка присуствуваше и г-дин Звонимир Поповиќ, в.д. амбасадор на Република Северна Македонија во Република Италија.
За време на посетата на Генералниот директорат на архивите на Република Италија во Рим, на д-р Емил Крстески му беше презентиран начинот на работа во архивите во Република Италија, пред се во областа на дигитализацијата и конзервацијата.
![IMG 4f0842fa74c87c096ef8596f06758123 V](https://arhiv.mk/wp-content/uploads/2021/10/IMG-4f0842fa74c87c096ef8596f06758123-V-763x1024.jpg)
![IMG b01a9b31d386a6216935202c0a7c5f4b V](https://arhiv.mk/wp-content/uploads/2021/10/IMG-b01a9b31d386a6216935202c0a7c5f4b-V-1024x940.jpg)
![IMG 45be0310a42a128dcc63abaff0e4481f V](https://arhiv.mk/wp-content/uploads/2021/10/IMG-45be0310a42a128dcc63abaff0e4481f-V-1024x726.jpg)