facebook_1646652310708_6906560373415390647

Меѓународна конференција „RootsTech Connect“

Годинава,  како и претходните две години, директорот на Државниот архив д-р Емил Крстески и дел од раководниот кадар во оваа институција, учествуваа на виртуелната меѓународна конференција „RootsTech“, која се одржа во периодот од 3 до 5 март. Организацијата на оваа конференција е одговорност на „FamilySearch International“, најголемата генеалошка организација во светот, со седиште во Солт Лејк Сити, во Јута – САД, основана уште во 1894 година како Генеалошко здружение на Јута. Конференцијата „RootsTech“ е од интерес за сите оние што се занимаваат со истражување на семејната историја и истата се одржува секоја година, почнувајќи од 2011 година.

facebook 1646652310708 6906560373415390647

Годинешната конференција „RootsTech“ ја отвори генералниот менаџер на „FamilySearch“, Стив Роквуд, а на неа зедоа учество претставници од повеќе од 200 држави, темите беа презентирани на 12 јазици и беа организирани во повеќе од 1.500 сесии, од кои повеќето може да се најдат на следниот линк:

www.rootstech.org

Поголемиот дел од темите презентирани на конференцијата се однесуваа на можноста да се подобри пребарувањето на документите во дигиталното време; начинот на организирање на истражувањето; семејната историја – дел од секојдневното живеење; потрагата по блиски роднини со ДНК резултати; поврзаноста на генеалогијата и етнологијата; справувањето со етичките дилеми во светот на интернетот и многу други.

Најнови објави