277442116_284291617195748_5163761435754608917_n-1

ДОНИРАНИ 130 КОМПЈУТЕРИ ЗА ДРЖАВНИОТ АРХИВ

Први април е денот на македонските архиви и архивисти. На 1 април 1951 година, пред 71 година, е создаден Државниот архив. По тој повод, Владата на Република Северна Македонија преку Државниот завод за статистика и подари 130 компјутери на оваа научно-културна институција, кои ќе бидат во функција на нејзините потреби за поинтензивно отпочнување на процесот на дигитализација на историските документи и архивските материјали.

Оваа донација од Владата од 130 преносни компјутери (лаптопи) ќе им бидат распределени на вработените во Централниот дел на Државниот архив во Скопје и на деветте подрачни одделенија низ Републиката. Со тоа во голема мера ќе се задоволат европските стандарди од комјутерска технологија, неопходна за реализација на дејноста на Државниот архив, особено во однос на дигитализацијата и зачувувањето и заштитата на историските документи и архивски материјали.

Donacija Statistika 1 1
Donacija Statistika 2 1
Donacija Statistika 4 1
Donacija Statistika 3 1

Најнови објави