Директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески, и претседателот на Исламската верска заедница на Република Северна Македонија, реис-ул-улема Хаџи Шеќир- ефенди Фетаи, во Скопје, првпат потпишаа Меморандум за соработка меѓу овие две институции.
Целта на потпишувањето на овој Меморандум е да се прошири меѓусебната соработка во областа на научната, истражувачката, архивската и образовната дејност.
Врз основа на овој Меморандум во иднина се предвидени заеднички проекти, заедничко организирање научни конференции и објавување зборници на документи, размена на публикации и пристап до библиотеките и архивите за вработените во двете институции, како и размена на копии на архивски материјали.




