На 15 јуни 2022 година, заменик-директорот на Државниот архив, проф. д-р Музафер Бислими оствари работна средба со новоизбраниот ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Изет Зеќири. Ректорот, проф. д-р Изет Зеќири го информираше заменик-директорот
Музафер Бислими за академските активности на Универзитетот при што двајцата разменија мислења за идна соработка меѓу двете институции која наскоро ќе се допрецизира.
На средбата, од име на Државниот архив заменик директорот, проф. д-р Музафер Бислими подари неколку архивски изданија на Ректоратот меѓу кои и изданието „Српски документи за историјата на Македонија, поглаварство на град Скопје, пасошка книга 1927-1929“ (документи) кое претставува историски извор за реконструкција на фамилиите, како еден од основните методи на историската демографија и во кое се наоѓа факсимил од пасошот на мајка Тереза.