На 16 јуни 2022 година, заменик-директорот на Државниот архив проф. д-р Музафер Бислими оствари работна средба со претседателот на Демократската унија за интеграција, воедно и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, господин Али Ахмети.
Заменик-директорот проф. д-р Музафер Бислими разговараше со господинот Али Ахмети, за тековната работа и за проекти на Државниот архив, за примената на Законот за јазиците, за условите во кои работат вработените и побара поддршка за изнаоѓање решение за предизвиците со кои се соочува оваа институција откако е сместена во несоодветен објект според архивски стандарди во 2013 година.
Господинот Али Ахмети како коалициски партнер во Владата, на средбата вети дека ќе се заложи и ќе излезе во пресрет на потребите на Архивот преку остварување контакти со надлежните институции. Од страна на заменик – директорот Бислими му беа подарени репрезентативни изданија од издавачката дејност на Државниот архив.