Директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески реализира работна средба со директорката на НУБ ,,Св. Климент Охридски”, Јелисавета Костадинова, со која разменија искуства за досегашната соработка дефинирана со Протоколот за соработка меѓу овие две значајни институции.
На средбата особено беше потенцирана соработката во однос на заштитата на историските документи и книги, како приоритет во насока на зачувувањето на националното културно и историско наследство, како и соработката во однос на осовременувањето на библиотекарската архивска дејност.