277442116_284291617195748_5163761435754608917_n-1

БЛИСКИ МЕЃУАРХИВСКИ РЕЛАЦИИ НА БАЛКАНОТ

Неколкумина архивски работници, заедно со д-р Емил Крстески, директор на Државниот архив и проф. д-р Музафер Бислими, заменик директор, на 6 јули 2022 година имаа можност да се сретнат со д-р Ардит Бидо, директор на Генералната дирекција на архивите на Албанија и неговите најблсики соработници.

           На средбата беа разменети искуства од архивското работење во двете држави и беа договорени идните чекори во реализацијата на Договорот за соработка.

После соработката на Државниот архив со Државната агенција „Архиви“ на Република Бугарија на проектот – изложба „Стари балкански фотографии“, на средбата со д-р Ардит Бидо беше разговарано за вклучување на Генералната дирекција на архивите на Албанија во овој проект, со фотографии од нивните депоа. Д-р Ардит Бидо нагласи дека во Архивот во Тирана се чуваат околу 130 000 фотографии, сите дигитализирани, од кои околу 7000 фотографии се однесуваат на периодот што го опфаќа наведената изложба, односно крајот на XIX и првите триесет години од дваесетиот век.

Делегацијата од Државниот архив, за време на посетата на Архивот во Тирана, имаше можност да го посети нивното ново депо, кое се наоѓа во Шкозе и е изградено и уредено согласно сите архивистички стандарди за чување и заштита на архивскиот материјал.

На делегацијата од Државниот архив и беа презентирани најстарите и најзначајните и најрепрезентативни архивски материјали, што се чуваат во Архивот во Тирана, меѓу кои и кралскиот кодекс од VI век и оригинален примерок на куранот од XV век, кои што успеале да ги конзервираат и зачуваат за идните генерации.

За време на посетата на Тирана, делегацијата од Државниот архив го посети и Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Тирана и беше остварена средба со директорот, г. Златко Ориѓански.

292610763 350766570548252 703174071679399987 n
292310476 350766617214914 5831670636145002840 n
Tirana juli 2022 4 1
Tirana juli 2022 8
Tirana juli 2022 7
Tirana juli 2022 6
Tirana juli 2022 3
292541241 350766597214916 1306354075519781053 n

Најнови објави