299087706_379320057692903_5740301693605260548_n

Изложба „Милтон“ – 140 години од раѓањето на Милтон Манаки

На 21 август 2022 година со почеток во 20 часот, Државниот архив на Република Северна Македонија свечено ја отвори изложбата со наслов „Милтон” по повод 140 години од раѓањето на Милтон Манаки, кој со својот брат се познати како првите сниматели на Балканот, фотографи кои оставиле траен белег со нивното творештво не само на Балканот туку и пошироко. Фондот „Браќа Манаки“ е во сопственост на Одделението Битола од 1965 година.

Изложбата беше во рамки на големиот интернационален фестивал за кинематографија ИФФК „Браќа Манаки”, кој традиционално се одржува во Битола, а е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

 Министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска ја отвори изложбата, а меѓу другото напомена дека опусот на браќата Манаки не само што ја надмина локалната важност, туку ја надмина и естетската и уметничката вредност и дека нивната културна оставина е историско сведоштво кое мора достојно да го вреднуваме и да продолжиме да го заштитуваме и од забот на времето и од заборавот.

Свое обраќање на настанот имаше и директорката на НУ Завод и музеј – Битола, Мери Стојанова, која истакна дека оваа меѓуинституционална соработка има длабоки корени и треба во иднина да се негува.

Раководителот на Одделение Битола, Гоце Стојановски, ја презентираше изложбената поставка и меѓу другото зборуваше за потребата од реализација на проектот „Спомен-соба на браќата Манаки“, по што беше прикажано идејното решение за оваа соба, кое како донација го доби Државниот архив.

Меѓу гостите беа присутни почесните конзули во градот Битола, претставници на културните, образовните и научните институции од Битола како и други истакнати гости.

Почесен гостин на овај настан беше амбасадорот на Обединетото Кралство и Северна Ирска, неговата екселенција Метју Лосон, кој имаше свој поздравен говор и истакна задоволство од соработкатата на нашата институција со Британската библиотека за проектот финансиран од Фондацијата Аркадија за целосна дигитализација на фондот „Браќа Манаки“. Исто така, потенцираше дека ваквите соработки во областа на културата треба да бидат продлабочени и почести.

Изложбата е презентирана на 18 паноа на кои се претставени најзначајните сегменти од работата и животот на Милтон, витрини каде што е презентирана неговата фотографска опрема, Камерата 300 и оригинални документи, како и дигитална изложба која тематски и хронолошки го обработува неговото фотографско творештво. Автори на оваа изложба се Гоце Стојановски, Марија Дурлова, д-р Јасмина Дамјановска, Димитар Ѓорѓиевски и м-р Ивана Хаџиевска, а комплетниот дизајн беше на м-р Јован Стојановски. Оваа поставка ќе биде отворена за пошироката јавност до 26 август 2022 година

300826465 1148042065923574 1968603540153655416 n
300457747 449557057212404 8506507707261001201 n
300582917 5409082585838325 4713304585292071778 n
300090752 865223441529694 3411560132371528324 n
300109640 585470803230414 4703679159054246545 n
300507622 802952497506780 6032335156575267544 n
300565855 1009441849734490 2149718363398058914 n
300070969 486419363316092 2896032569162999850 n
300525263 1718934458463473 8316824231845470783 n
300578758 371897301813331 431197343885655034 n

Најнови објави

Учество на состанок на Редакцискиот одбор на списанието на Историскиот архив на Пожаревац и работен состанок со потпретседателката на Меѓународниот центар за архивско истражување (ICARUS)

На покана на д-р Јасмина Николиќ, директор на Историскиот архив на Пожаревац и уредник на

Дознај повеќе...