277442116_284291617195748_5163761435754608917_n-1

ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ ПО ЕВРОПСКИ ТЕРК

Вицепремиерката во Владата на РСМ, Славица Грковска оствари работен состанок со директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески на кој се разговараше за новиот Закон за архивско работење, кој е во процедура и треба наскоро да се усвои во нашето Собрание.

Обострано е оценето дека е потребно Законот да се дополни со одредби во согласност со процесите поврзани со новата Стратегија за реформа на јавната администрација (2023-2030) и со потребите на дигитализацијата на историските документи и материјали.

На средбата стана збор и за други актуелни прашања поврзани со функционирањето на Државниот архив, со акцент на изнаоѓањето соодветно просторно решение за оваа значајна државна институција.

Vlada 30.8.2022

Најнови објави