5

Oтворена изложбата „Мисионерка на милосрдието – Спомените за Мајка Тереза во Државниот архив“ во Приштина


            На покана на Државната агенција на архивите на Косово, денес во Приштина, Република Косово, беше отворена и промовирана изложбата „Мисионерка на милосрдието – Спомените за Мајка Тереза во Државниот архив“ во Народниот музеј на Косово. Свечениот настан беше отворен од домаќинот Бедри Зиберај, директор на косовскиот Архив, директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески, а за содржината на изложбата говореа заменик-директорот на Државниот архив, проф. д-р Музафер Бислими и авторката д-р Јасмина Дамјановска.

1а

Уште на почетокот на поставувањето, изложбата предизвика големо медиумско внимание при што беа присутни голем број почитувачи на ликот и делото на светицата. На настанот присуствуваше и амбасадорката на Република Северна Македонија во Косово, Шпреса Јусуфи, претставници на Католичката црква и на здружението „Мајка Тереза“.

2

3
5
311167351 635363961540551 3719916944813109639 n 2

Најнови објави