На Конференцијата посветена на реорганизацијата на министерските системи за информатичко општество и администрација, на економија и на земјоделство, шумарство и водостопанство, учествуваше и директорот, д-р Емил Крстески. За потребата од помала, поефикасна и деполитизирана јавна администрација зборуваа: првиот заменик премиер, Артан Груби, амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, министрите, Адмирим Алити и Љупчо Николовски, тим лидерот, д-р Слаѓана Тасева и шефот за соработка на ЕУ делегацијата, Стефан Хадолин. Проектот за поефикасна администрација треба да заврши во мај наредната година, а донесувањето на новиот Закон за државна управа и неговата имплементација е предвидено да се реализираат во 2024 година.
Државниот архив е дел од реорганизацијата на јавната администрација, кој што во наредниот период треба да се прилагоди на европските стандарди и нормативи.