Со изложбата на документи и фотографии на тема: ,,Македонија памети, никогаш да не се повтори“, посветена на македонските Евреи, во Офицерскиот дом во Битола, Одделението на Државниот архив во Битола, одбележа 69 години од своето основање.Државниот архив – Одделение Битола е значајна институција, трезор на оригинални документи, писма, фотографии и друг вид архивски материјали од регионот, што се однесуваат на најзначајните општествено-политичките процеси, настани и личности за нашата држава.
Како чувар на колективната меморија, денес Државниот архив – Одделение Битола гради и афирмира соработка со пошироката заедница заради негување на нашата историја, но и реализира осмислени истражувачки процеси што ја збогатуваат нашата национална историја, култура и традиција. Изложбата ,,Македонија памети, никогаш да не се заборави” во Офицерскиот дом во Битола, ќе биде отворена до 31 мај 2023 година.
Соработка со Историскиот архив на Европската Унија
Во рамките на 34. Конференција – Меѓународни архивски денови 2024 година, организирана од Меѓународниот институт