FB_IMG_1686295253111

ПРОШИРУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА СО ,,ФЕМИЛИ СРЧ”

Директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески оствари работна средба со Жил Франсоа, директор за Европа на ,,Фемили срч” и со д-р Џонатан МекКолум, директор за Блиски Исток и Северна Африка на истата организација.

,,Фемили срч интернешенл” е непрофитна корпорација регистрирана во Солт Лејк Сити, во сојузната држава Јута, САД, чија што цел е да се зачуваат и да се објават оригиналните записи од генеалошка и историска вредност. 

На средбата стана збор за успешната соработка на ,,Фемили срч” со повеќе Архиви во земјите од Европа, како и за проширувањето на контактите на оваа организација со Државниот архив. Притоа, заеднички беше разгледан Договорот за соработка, што треба да го потпишат двете институции, а дополнително беа и дефинирани некои негови одредби и членови.

Најнови објави