352560225_571005325191041_5466606269818417308_n

75 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА МЕЃУНАРОДНИОТ АРХИВСКИ СОВЕТ

Во Националниот архив на Франција свечено беше одбележан 9 јуни – Меѓународниот ден на архивите и архивистите, како и јубилејот – 75 години од формирањето на Меѓународниот архивски совет, со седиште токму во Париз, која е најзначајна и најмасовна светска организација од ваков вид. На свечената академија и на тркалезната маса за значењето и функционирањето на Меѓународниот архивски совет, свои обраќања имаа: претседателката на МАС (ICA), Жосе Кирп, директорот на Националниот архив на Франција, Бруно Ришар, директорката на УНЕСКО за архивите и библиотеките, Адама Пам, како и други директори и високи функционери на архивите од светот.

,,Државниот архив на Северна Македонија има воспоставено добри односи со многу архиви и ги користи нивните искуства и го следи технолошкиот развој на архивистиката. Државниот архив, исто така, активно учествува во одбележувањето на Меѓународната недела на архивите, со организирање изложби на историски документи за значајни настани и личности. Се заблагодарувам за нашето учество во досегашните активности, со надеж за натамошна успешна соработка со оваа најважна светска организација од областа на архивистиката” – нагласи, меѓу другото, директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески.

1
2 2

Најнови објави