2

Промовирана дигиталната изложба „140 години од раѓањето на непоколебливиот Панко Брашнаров – архивска меморија“

Во пресрет на државниот празник 8 Септември – Денот на независноста, денес  Одделението на Државниот архив – Велес ја презентира дигиталната изложба посветена на 140-годишнината од раѓањето на Панко Брашнаров (1883-1951), сведокот на двата Илиндена и непоколеблив борец за националните идеали. На настанот кој се одржа во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ се обратија авторката на изложбата, д-р Јасмина Дамјановска, раководител на Одделението за публикување архивски материјал во Државниот архив, и Снежана Бошевска, директорка на библиотеката.

Создавањето на изложбата има за цел да ги потсети денешните генерации за животот и делото на велешанецот Панко Брашнаров, најстариот делегат на Првото заседание на АСНОМ. Со претходна најава во библиотеката, изложбата може да се погледне од организирани групи на ученици и граѓани.

373402413 203295142581331 8997601401505736772 n
375027299 1963000527411556 4119219319893309837 n

Најнови објави