IMG-602d9309e940a9c34077478af27381bd-V

Научноистражувачки престој во Државниот архив на Хрватска

Во периодот од 17 до 23 септември 2023 година заменик-директорот на Државниот архив на Република Северна Македонија проф. д-р Музафер Бислими, заедно со в.д. раководителот на Секторот за средување и обработка Лили Саватиќ и раководителот на Одделението за преводи и лекторирање м-р Ирфете Ибраими, реализира научноистражувачки престој во Државниот архив на Хрватска. Во текот на престојот имаше средба со директорот на Хрватскиот државен архив, Динко Чутура, при што беше дискутирано за зајакнување на натамошната соработка и можности за реализирање заеднички проекти.

IMG f5e680a6d066325903dbc68491bf66a2 V 1

            Цел на научноистражувачкиот престој беше истражување на фондот „Голи Оток“, односно досиејата на затворениците на тој злогласен затвор, пронаоѓање на досиеја на лица по потекло од Македонија, а кои издржувале казна во тој затвор. Во ХДА во овој фонд има над 15.000 досиеја на лица од целата бивша СФРЈ (Социјалистичка Федеративна Република Југославија), а одделени се над 800 досиеја за кои според имињата на лицата се претпоставува дека се од Република Северна Македонија и е направен посебен список. Од нив во текот на овој престој се копирани и земени околу 20 досиеја со околу 500 страници, кои ќе бидат предадени во Депото на ДАРСМ и ќе бидат достапни за користење според нашите и хрватските закони. Исто така, списокот од околу 800 имиња исто така ќе биде предаден во ДАРСМ, и ќе може да се користи за информирање.

IMG f4e29716061eb67ec097149c4dfb8fba V

            Во рамките на престојот во Хрватска, делегацијата на ДАРСМ реализира средба со амбасадорот на РСМ во Загреб, проф. д-р  Милаим Фетаху, кој изрази подготвеност да ја поддржи и помогне секоја иницијатива на ДАРСМ за заеднички проекти со институции во Хрватска, но и со нашата дијаспора во Хрватска.

FB IMG 1695811140266 1

Најнови објави

Заедничко интервју на директорот на Државниот архив на Турција д-р Угур Унал и директорот на Државниот архив на Северна Македонија м-р Христа Најданов за турската новинска агенција „Анадолу”.

Изложбата „Документи и фотографии за Македонија во Османлискиот период” беше отворена во соработка меѓу Претседателските

Дознај повеќе...