Во Државен архив – одделение Велес е потпишан договор за реализација на практична обука за архивско работење на ученици од ОСУ “Јовче Тесличков” – Велес. Прaктичната обука ке биде спроведена во периодот од октомври 2023 година до мај 2024 година. Со учениците-практиканти ќе работат девед стручни лица – ментори од велешкиот Архив, под раководство на раководителот, м-р Наумче Ризовски.
Предмет на практичната обука ќе биде архивската дејност и нејзините специфики во областа на историјата, како и канцелариското и архивското работење, воопшто.