1

ПРВИ ЧЕКОРИ НА СОРАБОТКА СО ДРЖАВНИТЕ АРХИВИ НА ГРЦИЈА

На покана на в.д. генералната директорка на Генералната дирекција на државните архиви на Грција, Амалија Папа, во Атина престојува директорот на Државниот архив на Република Северна Македонија, д-р Емил Крстески. Ова е прв официјален контакт и прва средба меѓу претставници на двата државни архива. На средбата и разговорите, на кои учествуваше и нашата амбасадорка во Грција, Лидија Бошковска и раководителката на Сектор, Светлана Успрцова, беше нагласена обостраната желба за отпочнување соработка меѓу Архивите на двете земји, како и за поинтензивна соработка во рамките на меѓународните архивистички организации и асоцијации.

,,Ова се први мали, но значајни чекори на соработка меѓу Државниот архив и Генералната дирекција на државните архиви на Грција, што очекувам натаму да продолжи успешно да се развива. Начелно, разговаравме за реализирање на неколку заеднички проекти во скора иднина, како што е подготовка на изложба на фотографии од крајот на 19-ти и почетокот на 20-от век. Во таа смисла го спомнавме и творештвото на браќата Манаки. Со соговорниците, кои ги поканивме наскоро да дојдат во Скопје, што беше со задоволство прифатено, се договоривме да подготвиме и да потпишеме заеднички Протокол за соработка меѓу овие две институции, со што односите би добиле и соодветна правна рамка” – нагласи директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески по средбата и разговорите во Атина во Генералната дирекција на државните архиви на Грција. Во рамките на престојот во Атина, претставниците на Државниот архив ја посетија и нашата Амбасада во Република Грција, при што со амбасадорката, Лидија Бошковска генерално разговараа за актуелните односи меѓу двете земји.

2 1
3

Најнови објави

Учество на состанок на Редакцискиот одбор на списанието на Историскиот архив на Пожаревац и работен состанок со потпретседателката на Меѓународниот центар за архивско истражување (ICARUS)

На покана на д-р Јасмина Николиќ, директор на Историскиот архив на Пожаревац и уредник на

Дознај повеќе...

ОБЈАВЕНА Е ВТОРАТА КНИГА ОД ВТОРИОТ ТОМ ОД „ОСМАНЛИСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА – ПОПИСИ ОД ХIX ВЕК (1832-1833) СКОПСКИ САНЏАК, СКОПСКА КАЗА“ ОД АВТОРОТ  Д-Р АДНАН ШЕРИФ

Објавена е петтата книга, всушност втора книга од вториот том од серијата ,,Османлиски документи за

Дознај повеќе...