Албанскиот јазик е еден од најстарите јазици на Балканот, но почнал да се пишува многу доцна од различни причини. Во 19 век пишувањето на албански јазик земало големи резмери, но се пишувало со различни букви од латиницата, турската и грчката азбука. По отворањето многубројни национални клубови, училишта, весници итн. беше претставена потребата од унифицирање на албанската азбука. Напорите за создавање азбука на албанскиот јазик почнаа одамна, но секогаш се појавуваа разни пречки. Голема помош беше и творечката дејност на лингвисти, писатели, поети и истакнати дејци, исто така вреди да се истакне улогата на печатот, особено на списанието „Албанија“ на Фаик Коница и усвојувањето на „Истанбулската азбука“ во 1879 година, но и покрај сите овие напори, прашањето не беше конечно решено. Иницијативата за свикување на Битолскиот конгрес ја поведе клубот „Башкими“, кој беше еден од најистакнатите национални клубови во Отоманската Империја. Оваа иницијатива беше поздравена и поддржана од многу албански клубови и здруженија во земјата и во странство. По големи прелиминарни подготовки, Конгресот на азбуката почнал со работа на 14 ноември 1908 година во Битола (Манастир) и траел до 22 ноември, под раководство на Мит’хат Фрашери. На Конгресот учествуваа 32 делегати со право на глас, кои претставуваа 26 албански клубови и здруженија од земјата и странство, но и 400 учесници Албанци, Македонци, Турци, Власи, Грци и др. Дискусиите одржани на овие состаноци беа претставени во националната програма (Програма на Битолскиот конгрес). Конгресот на азбуката ја заврши својата работа откако го реши азбучното прашање и донесе некои важни одлуки поврзани со развојот на образованието и културата.
Откако Битолскиот конгрес ја утврди албанската азбука, неопходно беше албанскиот јазик да има единствена правописна норма. Правописниот конгрес е еден од најважните настани и научни собири на национално ниво. Конгресот почна со работа од 14 до 22 ноември 1972 година во Тирана, во организација на Институтот за лингвистика и литература. Учествуваа 87 делегати од Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора и Арбереши од Италија. Делегатите беа достојни претставници и познавачи на албанската наука, образование и литература. Целта на Конгресот на правописот беше да се утврдат главните принципи и насоки на правописот, да се има единствен национален јазик. Иако се одвиваше широка литературна, културна и научна дејност, овој конгрес беше продолжение или круна на сета досегашна работа и напори на лингвистите и преродбениците, за да имаат стандардни норми на албанскиот литературен јазик и правопис. Битолскиот конгрес и Конгресот на правописот претставуваат национално единство за албанскиот јазик, култура и историја, што даде важна задача за подигање на свеста во одгледувањето на албанскиот јазик, збогатување и составување речници и заштита од непотребни заемки.