689782210_1274077628217137_5419463436951872096_n

80 години од „Македонска граматика“, чествување на македонскиот јазик и неговото наследство

Директорот на Државен архив, м-р Димитар Богески, денес присуствуваше на свеченото одбележување на 5 Мај, денот на македонскиот јазик, во организација на Собрание на Македонија и Комисијата за култура и туризам.

На настанот беше одбележан и значајниот јубилеј, 80 години од објавувањето на првата граматика на современиот македонски јазик, Македонска граматика, од Круме Кепески, дело што остави траен белег во развојот на македонската лингвистика и образование.

Македонскиот јазик претставува жив сведок на нашата историја, култура и национална самобитност, а неговото негување и зачувување останува заедничка обврска и одговорност кон идните генерации.

Најнови објави