IMG_6832

Државниот архив домаќин на 31-та Конвенција на ИКАРУС

Одржувањето на 31. Конвенција на Меѓународниот архивски истражувачки центар (ИКАРУС) од 8 до 10 ноември 2023 г., во Скопје и Охрид, претставува најзначаен настан за Државниот архив и од областа на архивската дејност што досега се одржал во државата. Иницијативата за одржувањето на настанот е дадена од страна на директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески на 30. Конвенција на ИКАРУС, одржана во Холандија во мај 2023 година а Извршниот одбор на ИКАРУС го прифати предлогот Државниот архив да биде домаќин на следната Конвенција на состанок во мај во Виена. Темата „Заедничко архивско наследство – заштита, достапност и дигитализација“ беше тема на Конвенцијата, која се одржа во НУ Музеј на македонската борба – Скопје и Македонската академија на науки и уметности, а на третиот ден беше спроведена посета на градот Охрид и негови знаменитости.

На Конвенцијата најавија присуство 72 учесници од 15 држави: Германија, Србија, Малта, Чешка, Босна и Херцеговина, Шпанија, Унгарија, Црна Гора, Хрватска, Австрија, Молдавија, Холандија, Естонија, Романија, Израел. Присутните архивисти и експерти од сродни области беа почестени со присуството на г. Чарлс Фаруџа, претседател на Eвропската регионална гранка (ЕУРБИКА) на Меѓународниот архивски совет, и г-ѓа Биргит Кирбал, претседателка на ИКАРУС. Во рамки на сесиите во текот на двата дена, 22 излагачи настапија со стручни трудови со разновидни наслови од архивистиката, кои содржеа ставови, искуства и дилеми на архивистите и предизвикуваа конструктивни дискусии кои се полезни за процесот на работа во архивските институции.

            Настанот го спонзорираа Владата на Република Северна Македонија, НУ Музеј на македонската борба, МАНУ, печатница „Магнаскен“ од Скопје, кафе-бар „Аквариус“ и ресторан „Ана Марија“ од Охрид, ДОО „Тревис“ од Република Србија.

Директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески прати писмо со благодарност до Владата на РМ, раководството на МАНУ и до Музејот на македонската борба.

Најнови објави