На 28 ноември 2023 година, во просториите на Институтот за духовно и културно наследство на албанците, се одржа работна посета помеѓу директорот на Државниот архив д-р Емил Крстески, придружуван од заменик-директорот проф. д-р Музафер Бислими, раководителката на Одделението за превод и лектура м-р Ирфете Ибраими, со директорот на Институтот на духовно и културно наследство на Албанците, Скендер Асани. На средбата претставниците од двете институции разговараа за заеднички проекти и иницијатива за склучување на Меморандум за меѓусебна соработка. Во знак на меѓуинституционална соработка помеѓу двете институции, Државниот архив подари 110 примероци од изданија на Институтот за духовно и културно наследство на албанците.
Новогодишна честитка
Државниот архив на своите вработени, соработници и на сите граѓани им ја честита Новата година!