Hrista Najdanov & Gilles Fransoa - Family Search - 08.02.2024 (1)

Соработка со FamilySearch International

Директорот на Државниот архив, м-р Христа Најданов, на 8 февруари оствари работна средба со г. Жил Франсоа, директор на FamilySearch International, надлежен за активностите на оваа организација на територијата на Европа. FamilySearch International е непрофитна корпорација, со седиште во Солт Лејк Сити, Јута – САД, која што е посветена на собирањето, зачувувањето и споделувањето на документи од цел свет, кои се однесуваат на семејните истории.

Оваа организација е основана во 1894 година и до денес има преку 4600 центри за семејна историја, во околу 132 држави (www.familysearch.org). На средбата беше разговарано за поддршката, која што FamilySearch може да му ја даде на нашиот Државен архив при дигитализацијата и заштитата на архивските документи поврзани со семејната историја и вклучување на Државниот архив на Република Северна Македонија во проектите на оваа генеалошка организација.

Hrista Najdanov Gilles Fransoa Family Search 08.02.2024 1 1

Најнови објави

Учество на состанок на Редакцискиот одбор на списанието на Историскиот архив на Пожаревац и работен состанок со потпретседателката на Меѓународниот центар за архивско истражување (ICARUS)

На покана на д-р Јасмина Николиќ, директор на Историскиот архив на Пожаревац и уредник на

Дознај повеќе...