Kreativa-Crvenkapa-KV-Landscape-1920x1080px

Државниот архив ќе учествува на Саемот на книгата 2024

Државниот архив ќе учествува на Саемот на книгата, кој ќе се одржи од 18 до 24 април 2024 г. во „Арена СЦ Борис Трајковски“ претставувајќи ја својата издавачка дејност со околу 40 изданија за историското минато, вклучувајќи монографии и зборници на документи. Изложените изданија ќе се продаваат со намалени цени од 30 отсто од редовните цени, а сите изданија на Државниот архив со истото намалување на цените ќе може да се набават во просториите на Државниот архив -централен дел додека трае Саемот на книгата.

Во рамките на Промотивниот центар на саемот ќе се промовираат две најнови изданија на Државниот архив.

Промоциите ќе се одржат во следните термини:

  • 19.4.2024 (петок) 12.00-12.45 часот – Книга за меморија  Ученици и студенти Евреи од град Скопје (1920 – 1943) – д-р Јасмина Дамјановска, проф. д-р Ленина Жила, проф. д-р Александар Манојловски;
  • 20.4.2024 (сабота) 15.00-15.45 часот – Дебарско-охридското септемвриско востание од 1913 година, српски документи – проф. д-р Музафер Бислими.

Ги покануваме сите  граѓани да го посетат нашиот штанд на Саемот на книгата.

Најнови објави

Учество на состанок на Редакцискиот одбор на списанието на Историскиот архив на Пожаревац и работен состанок со потпретседателката на Меѓународниот центар за архивско истражување (ICARUS)

На покана на д-р Јасмина Николиќ, директор на Историскиот архив на Пожаревац и уредник на

Дознај повеќе...

ОБЈАВЕНА Е ВТОРАТА КНИГА ОД ВТОРИОТ ТОМ ОД „ОСМАНЛИСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА – ПОПИСИ ОД ХIX ВЕК (1832-1833) СКОПСКИ САНЏАК, СКОПСКА КАЗА“ ОД АВТОРОТ  Д-Р АДНАН ШЕРИФ

Објавена е петтата книга, всушност втора книга од вториот том од серијата ,,Османлиски документи за

Дознај повеќе...