Изложбата „Документи и фотографии за Македонија во Османлискиот период” беше отворена во соработка меѓу Претседателските државни архиви на Република Турција и Државниот архив на Република Северна Македонија. Изложбата, која опфаќа 80 фотографии и 28 документи за историјата на Македонија и вклучува фермани и берати од султаните, вакафи, историски мост, училишни фотографии и фотографии од секојдневниот живот, беше изложена во Одделот за османлиски архив во Кагитане.
Говорејќи пред отворањето, директорот на Државниот архив проф. д-р Угур Унал рече дека со задоволство ја отвораат изложбата создадена од заедничката работа на институциите на двете земји.
Нагласувајќи дека архивските документи, кои се од суштинско значење за правилно разбирање на историјата, се национални и меѓународни сеќавања и се меѓу вредните културни и историски богатства на државите, д-р Унал рече: „Овие документи се исто така многу важни во смисла на воспоставување мостови на пријателство во односите меѓу двете земји. Државниот архив на Република Турција и Државниот архив на Република Северна Македонија се добар пример за позитивното влијание на соработката во областа на архивирањето во меѓудржавните односи.”
Истакнувајќи дека Државниот архив на Република Турција има зачувано повеќе од 130 милиони архивски документи, од кои 95 милиони припаѓаат на османлискиот период и 40 милиони на периодот на Република Турција.
Директорот Унал продолжи со следните зборови: „Бидејќи Османлиската Империја постои на македонската територија од 15. век, нашиот архив содржи многу ресурси поврзани со регионот“.
Според д-р Унал архивските документи се една од најдобрите алатки за зачувување на меморијата на народите и за нејзино пренесување на идните генерации и дека како архивски институции работат на тоа овие документи да бидат откриени, достапни и употребливи.
Давајќи информации за фотографиите и за документите на изложбата, директорот Унал го продолжи својот говор со следното:
„Благодарејќи на документите и фотографиите во оваа заедничка изложба што ја подготвивме, можат да се видат настаните низ историски процес како што е наредбата на Абдулхамид II објавена за компензација на загубите и штетите на муслиманскиот и на немуслиманскиот народ за време на пожар во манастир. Исто така наредбата на султанот Абдулазиз за изградба на христијанско училиште во Скопје за христијанските деца поради несоодветност на постојното, стои пред нас како добар пример што се совпаѓа со концептот на Пакс Отомана, со тоа што тие покажуваат дека Османлиската Империја тргнала по инклузивен, толерантен пат на дипломатијата и ги почитувала верските и културните разлики на својот народ. Благодарејќи на фотографиите од архивите на земјата, имаме можност да бидеме сведоци на општествените, културните настани и секојдневниот живот од тој период – понекогаш со фотографија на брачна двојка од османлиска Македонија во нивната традиционална облека, а понекогаш со фотографија на мало дете на церемонијата на обрежување – сунет.“
Унал се надева дека изложбата ќе придонесе за развој на односите меѓу двете земји.
Директорот на Државниот архив, м-р Христа Најданов, истакна дека му е чест што присуствува на отворањето на изложбата организирана од двете земји и дека имаат цел во блиска иднина да ја отворат изложбата и во Македонија.
Најданов истакна дека меѓу Турција и Македонија постои одлична соработка во однос на архивите и дека таа ќе продолжи зашто националните архиви се темелот на историјата, изворот на вистината и чуварите на меморијата.
М-р Христа Најданов рече дека книгата „ОСМАНЛИСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА – Пописи од XIX век 1832/33 Скопски Санџак, Скопска Каза за ромското христијанско-исламско и за еврејско население како и христијанското занаетчиско население” том II, книга 2 подготвена од доц. д-р Аднан Шериф, објавена на македонски и на албански јазик, ќе ја подарат во Државниот архив на Република Турција во Османлискиот оддел.
По говорите беше отворена изложбата.
Линк од интервјуто: https://www.aa.com.tr/tr/kultur/belge-ve-fotograflarla-osmanli-doneminde-makedonya-sergisi-istanbulda-acildi/3260197

