На покана на директорот на Хрватскиот државен архив, д-р Динко Чутура, д-р Наташа Котлар-Трајкова, директор на Државниот архив, на 29 октомври 2024 година, во Загреб, учествуваше на Состанок на директорите на државните архиви-сукцесори на поранешна СФРЈ, во врска со имплементацијата на Анексот Д од Спогодбата за сукцесија, кој се однесува на заедничкото архивско наследство од поранешна СФРЈ.
На состанокот присуствуваа и претставници од Министерството за надворешни работи на Хрватска, Министерството за култура на Република Хрватска, претставници од Архивот на Југославија, Архивот на Република Словенија и Архивот на Босна и Херцеговина.
Имплементацијата на Анексот Д од Спогодбата за сукцесија е од посебно значење за историјата на Македонија, бидејќи преку овој процес се очекува да бидат преземени копии и оригинали од архивски документи кои се од големо значење за нашата држава.
Надвор од рамките на овој состанок, д-р Наташа Котлар-Трајкова имаше можност за билатерални средби со директорите на државните архиви од поранешна СФРЈ.