Во интерес на истражувачите на економската и стопанската историја на Република С. Македонија, Државниот архив и Народната банка почнуваат со операционализација на Меморандумот за соработка потпишан во 2023 година. Денес, директорот д-р Наташа Котлар-Трајкова и претставникот на Народната банка, Вилма Трајковска, утврдија динамика на истражување и дигитализирање на архивски материјали кои се однесуваат на банките и банкарските организации од државата.
На состанокот беше посочено дека од заеднички институционален интерес е да продолжи лоцирањето, евидентирањето и обработка на архивскиот материјал значаен за економскиот и стопанскиот развој на државата. Архивот непрекинато ќе продолжи да ја зајакнува меѓуинституционалната соработка со цел да прибира документација која ќе им користи на истражувачите и да бара партнери во научноистражувачки потфати.