Во рамките на 34. Конференција – Меѓународни архивски денови 2024 година, организирана од Меѓународниот институт за архивистика од Трст и Марибор, Универзитетот Alma Mater Europaea и Историскиот архив на Европската Унија, како и во рамките на проектот OPENARCH – Open archives for social science research in widening countries, заменик директор на Државниот архив, м-р Димитар Богески се сретна со директорот на Историскиот архив на Европската Унија, проф. д-р Дитер Шленкер. На средбата беше разговарано за вклучување на Државниот архив во проекти и дискусии насочени кон прилагодување на нашиот Закон за архивски материјал кон европското архивско законодавство, а Светлана Успрцова, раководител на сектор за истражување, меѓународна и домашна соработка и публикување на архивски материјал го презентираше начинот на работа во Државниот архив, со посебен акцент на роковите за користење на јавниот архивски материјал.
Соработка со Историскиот архив на Европската Унија
Во рамките на 34. Конференција – Меѓународни архивски денови 2024 година, организирана од Меѓународниот институт