Во седиштето на НАТО во Брисел е во тек есенската сесија на Архивскиот комитет на НАТО, кој ќе заседава на 5 и 6 декември 2024 година.
Ова тело има советодавна улога во работата на НАТО, во неговата работа учествуваат претставници од сите земји членки, а Државниот архив го претставуваат м-р Димитар Богески, заменик-директор, и Светлана Успрцова, раководител на Сектор за истражување, меѓународна и домашна соработка и публикување архивски материјал.
М-р Димитар Богески заедно со преостанатите претставници е дел од дискусијата за начинот на декласифицирање, продолжените рокови за чување на документите произлезени од мисиите на НАТО, како и користењето на вештачката интелигенција.
Реакција на прес-конференцијата на политичката партија „Левица“
Ревизијата ќе даде одговори како бил раководен Државниот архив во изминатиот период