1000015537

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Државниот архив и Институтот за фолклор „Марко Цепенков“

Денес, директорот на Државниот архив м-р Димитар Богески и директорот на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје, проф. д-р Зоранчо Малинов потпишаа Меморандум за соработка, со кој официјално се унапредува соработката во областа на научно-истражувачката работа, дигитализацијата и заштитата на културното наследство. Меморандумот предвидува заедничка реализација на научни и стручни активности, проекти поврзани со културното и фолклорното наследство, организирање на стручни настани и други заеднички иницијативи. Директорот на Институтот за фолклор истакна дека Државниот архив претставува врвот и најкомпетентната институција во државата, во областа на чувањето, обработката и валоризацијата на историското и културното наследство, нагласувајќи дека партнерството претставува значаен чекор кон подлабока научно-истражувачка соработка. Директорот на Државниот архив изрази благодарност за воспоставеното институционално поврзување и надеж дека преку заеднички активности ќе се обезбедат нови научни резултати, побогати извори за истражување и поголема достапност на материјали за научната и стручната јавност.

1000015532

Најнови објави