1000017459

Ги решаваме најгорливите предизвици со кои се соочува институцијата, вработените се темелот на Државниот архив

Вчера во Државниот архив се одржа колегиум на кој, со целосна отвореност и под полна пареа, беа разгледани најгорливите предизвици со кои се соочува институцијата – проблеми коишто со години наназад не биле системски решени. Беше истакнато дека сите вработени, заедно со подрачните одделенија се нераскинлив дел од процесот на изнаоѓање решенија. Преку заедничка посветеност, професионалност и тимска работа, се поставуваат јасни чекори за надминување на состојбите и за унапредување на функционирањето на институцијата. Упатена е силна порака на единство и доверба, со уверување дека Архивот располага со знаење, капацитет и луѓе кои можат и знаат. Заедно со поддршка на сите организациски нивоа, ќе успееме да ги вратиме достоинството и угледот на Државниот архив.

1000017459
1000017450
1000017454

Најнови објави