Директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, присуствуваше во Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје, каде што ја проследи театарската претстава „Што е среќа?“.Со многу љубов, искреност и детска чистота, младите актери испратија силна порака дека среќата не се гледа со очи, туку се чувствува со срце. Насмевките, емоциите и топлината што ја споделија со публиката беа вистински потсетник на хуманоста, емпатијата и човечката добрина.Овој настан остави длабок впечаток и уште еднаш покажа дека токму децата, со својата искреност и храброст, нè учат на најважните животни вредности.






