slika

Колегиум во Охрид – зајакнување на тимската работа и позитивната атмосфера

Во насока на зајакнување на работната атмосфера и континуирано следење на работните процеси, вчера во Подрачното одделение на Државниот архив – Охрид се одржа работен колегиум со раководителите на одделенијата.

Средбата беше посветена на унапредување на тимската работа, размена на мислења и искуства, како и јакнење на позитивната и мотивирачка работна средина. Со ваквите средби сакаме да истакнеме дека вработените се во срцето на Државниот архив и се нашиот најголем фокус, бидејќи без нивниот труд, знаење и посветеност, ништо од досега постигнатото не би било возможно.

Уште еднаш ја потврдуваме нашата заложба за:

Поголем слух за секојдневните предизвици и проблеми со кои се соочуваат вработените, со цел нивно побрзо и поефикасно решавање.

Поттикнување на иницијативи за меѓусебна поддршка и професионален развој на секој поединец.

Нашата мисија е јасна – градиме институција која ги вреднува луѓето, бидејќи тие се чуварите на нашата историја и меморија.

Најнови објави